Во Северна Македонија потврден седмиот смртен случај од Ковид-19, а 285 лица се заразени од вирусот

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека вкупната бројка на починати се искачи на 7 лица, а бројот на потврдени случаи со вирусот во земјата порасна на 285

1387927
Во Северна Македонија потврден седмиот смртен случај од Ковид-19, а 285 лица се заразени од вирусот

Во Северна Македонија почина уште едно лице заразено со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 7 лица.

Министерството за здравство преку соопштение ја потврди информацијата и соопшти дека бројот на потврдени случаи со вирусот во земјата се зголемил за 26, со што вкупната бројка на заразени порасна на 285.

„Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивно на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран е на Клиниката во Скопје на 25 март“, се наведува во соопштението на Министерството.

Со ова, вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 7 лица.

Се нагласува дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти кои на два последователни контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат, дека нивната здравствена состојба е добра и дека тие се отпуштени од болница.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата“, се нагласува во соопштението.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата се искачи на 285 лица. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести