Итна финансиска поддршка од ЕУ на земјите од Западен Балкан во борбата против коронавирусот

Европската комисија (ЕК) соопшти дека на земјите од Западен Балкан ќе им се достави помош за обезбедување на некои итни потреби во борбата против коронавирусот, како што се маски, наочари, респираторни апарати и лабораториски материјали

1387838
Итна финансиска поддршка од ЕУ на земјите од Западен Балкан во борбата против коронавирусот

Европската унија (ЕУ) соопшти дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе им додели итна финансиска поддршка на земјите од Западен Балкан во износ од 38 милиони евра.

Како што беше соопштено од страна на Европската комисија (ЕК), на земјите од Западен Балкан ќе им се достави помош за обезбедување на некои итни потреби во борбата против коронавирусот, како што се маски, наочари, респираторни апарати и лабораториски материјали.

Во соопштението се наведува дека Европската унија (ЕУ) ќе им се обезбеди итна финансиска помош за поддржување на јавните здравствени системи на Северна Македонија и Албанија во износ од по 4 милиони евра, на Босна и Херцеговина 7 милиони евра, Црна Гора 3 милиони евра, Косово 5 милиони евра и на Србија 15 милиони евра.

Во истото соопштение се додава дека кон иницијативата на Европската унија (ЕУ) за заедничко купување на опрема за лична заштита се вклучени и земјите ид Западен Балкан.



Слични вести