Честитки од министерот за национална одбрана Хулуси Акар до Северна Македонија за членството во НАТО

Честитки од министерот за национална одбрана Хулуси Акар испрати писмо со честитки до министерката за одбрана и вицепремиерка на Северна Македонија Радмила Шекеринска-Јанковска за членството на нејзината земја во НАТО

1387766
Честитки од министерот за национална одбрана Хулуси Акар до Северна Македонија за членството во НАТО

Министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар, упати честитки до Северна Македонија за нејзиното полноправно членство во НАТО и за посветеноста и решителноста во процесот за членство.

Во писмото испратено до министерката за одбрана и вицепремиерка на Северна Македонија Радмила Шекеринска-Јанковска, Акар истакнува: „Турција уште од самиот почеток го поддржуваше овој процес и е подготвена да ги сподели искуствата за членство, доколку е потребно“.

Акар во писмото испратено до Шекеринска нагласи дека членството на Северна Македонија го зајакнува НАТО.

„До вас, најновата членка на Алијансата, со најдобри желби ви посакувам добредојде во НАТО. Вашето членство го зајакнува НАТО. Покрај тоа, упатувам честитки до Северна Македонија за нејзината посветеност и решеност во процесот на членството. Како што знаете, Турција од самиот почеток го поддржуваше овој процес и доколку е потребно, подготвена е да ги сподели искуствата. Сигурен сум дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе ги развие билатералните односи меѓу Турција и Северна Македонија.“ (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести