Честитка од Турција по повод членството на Северна Македонија во НАТО

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство з анадворшени работи се истакнува следното: „Чувствуваме големо задоволство од приклучувањето на Северна Македонија во Северноатлантскиот сојуз (НАТО) како 30-та сојузничка земја“

1386912
Честитка од Турција по повод членството на Северна Македонија во НАТО

Турција и честита на Република Северна Македонија за нејзиното приклучување кон НАТО како 30-та сојузничка земја.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство з анадворшени работи се истакнува следното: „Чувствуваме големо задоволство од приклучувањето на Северна Македонија во Северноатлантскиот сојуз (НАТО) како 30-та сојузничка земја.“

Во соопштението се нагласува дека зачленувањето на Северна Македонија во НАТО претставува значаен чекор од аспект на воспоставувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот и се додава следното: „Ова членство истовремено ќе ги зголеми можностите и способностите на НАТО во контекст на одбраната на универзалните вредности. Целосно сме уверени дека коренитото пријателство и соработката помеѓу Турција и Северна Македонија со сојузничката врска ќе добијат една нова димензија.“

Протоколот за пристапување меѓу Северна Македонија и НАТО беше потпишан на 6 февруари 2019 година.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг завчера со објавено писмено соопштение соопшти дека по завршувањето на сите официјални процедури Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на Сојузот.

Утре (30 март, 2020 година) со официјална церемонија ќе биде кренато знамето на Северна Македонија на јарболот пред  седиштето на НАТО во Брисел.



Слични вести