Република Северна Македонија официјално 30-та земја членка на НАТО

Република Северна Македонија стана дел на НАТО семејството составено од 30 народи и скоро 1 милијарда популација

1386501
Република Северна Македонија официјално 30-та земја членка на НАТО

По завршувањето на сите официјални процедури, Република Северна Македонија официјално стана 30-та земја членка на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека по завршувањето на сите официјални процедури, Република Северна Македонија официјално стана 30-та земја членка на НАТО.

Во писменото соопштение во врска со прашањето, Столтенберг го искакна следното:

„Република Северна Македонија стана дел на НАТО семејството составено од 30 народи и скоро 1 милијарда популација. Семејство кое се заснова на фактот дека без оглед на тоа за каков вид тестирање да се работи, заедно сме посилни и побезбедни.“

Столтенберг потсети дека Северна Македонија подолг временски период пружи значаен придонес во ервоатлантската безбедност, а исто така активно учествуваше во мисиите на НАТО во Авганистан и Косово.

Церемонијата на подигањето на знамето на Северна Македонија пред седиштето на НАТО ќе се одржи на 30 март понеделник во присуство на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Воениот комитет на НАТО воздухопловниот маршал Сер Стјуарт Пич и Зоран Тодоров од делегацијата на Р.С. Македонија во НАТО.

Протоколот за притапување меѓу НАТО  Северна Македонија беше потпишан на 6 февруари 2019 година.



Слични вести