Министерот за здравство Венко Филипче: Се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети

Министерот за здравство на Венко Филипче соопшти дека во рамките на мерките преземени против коронавирусот се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

1386807
Министерот за здравство Венко Филипче: Се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, во рамки на мерките преземени против новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Филипче оваа информација ја потврди преку социјалните мрежи.

Тој нагласи дека со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а според него даваат можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус.

„Деновиве се спроведе вистинска акција со големи човечки напори и одлична меѓуинституционална соработка. Голема благодарност до сите што учествуваа во овој процес!“, нагласи Филипче.

Според него, со помош на Армијата и нејзината механизација, екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство во рекорден рок го подготвиле теренот и овозможиле пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за брзо справување со коронавирусот.

Во Северна Македонија се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирусот изнесува 219 лица.

Досега во земјата од коронавирусот се потврдени три смртни случаи.

Потсетуваме, од 22 март, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21 до 05 часот.

Исто така, Владата на Северна Македонија донесе одлука за измени и дополнувања на забраната за движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите. Одлуката се однесува на забрана за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела, од 16:00 часот до 05:00 часот наутро.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот. (Агеција Анадолија-АА)



Слични вести