Бројот на дијагностицирани пациенти со коронавирус во Северна Македонија се зголеми на 219 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се регистрирани уште 18 случаи на нов тип коронавирус (Ковид-19) во земјата со што вкупниот број на дијагностицирани пациенти се зголеми на 219 лица

1386430
Бројот на дијагностицирани пациенти со коронавирус во Северна Македонија се зголеми на 219 лица

Министерството за здравство на Република Северна Македонија информира дека се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус (Ковид-19) во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирусот изнесува 219 лица.

„Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје - 11, Прилеп - 4, Куманово - 2, Тетово - 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирусот изнесува 219 лица", се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Според местото на живеење, досега случаи на коронавирусот се регистрирани во: Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2) ,Тетово (2) и Гостивар (1), информираат од ресорното министерство.

Потсетуваме, од 22 март, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21 до 05 часот.

Исто така, Владата на Северна Македонија донесе одлука за измени и дополнувања на забраната за движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите. Одлуката се однесува на забрана за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела, од 16:00 часот до 05:00 часот наутро.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести