Со 24 новозаразени бројот на заболени од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 201 лице

Во Северна Македонија се регистрирани 24 нови случаи на КОВИД-19, со што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 201 лице

1385765
Со 24 новозаразени бројот на заболени од Ковид-19 во Северна Македонија се искачи на 201 лице

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека се регистрирани нови 24 случаи на коронавирус (Ковид-19) во земјата, со што вкупната бројка на заболени од овој вирус се искачи на 201 лице.

„Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12:00 часот изнесува 201 лице“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Инаку, според  местото на живеење, досега случаи на коронавирусот се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1), Тетово (1).

„Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати“, информираат од ресорното Министерство.

Потсетуваме, од 22 март, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21 до 05 часот.

Владата на Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за измени и дополнувања на забраната за движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите. Одлуката се однесува на забрана за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела, од 16:00 часот до 05:00 часот наутро.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести