ЕУ ги започнува преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија

„Земајќи го во предвид постигнатиот напредок членките на ЕУ донесоа одлука за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија“ - се вели во соопштението на Европскиот совет

1385291
ЕУ ги започнува преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија

Европската унија (ЕУ) ја соопшти својата официјална одлука за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

Во објавеното соопштение од Советот на Европската унија се истакнува дека Северна Макеоднија покажува одлучност по прашањето на спроведување на реформите на Европската унија (ЕУ) и се вели следното: „Земајќи го во предвид постигнатиот напредок членките на ЕУ донесоа одлука за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија.“

Освен тоа во соопштението на Европскиот совет се истакнува дека се дочекува со задоволство одлучноста и на Албанија во спроведувањето на реформската програма на Европската унија (ЕУ) и дека Советот донесе едногласна одлука за започнување на пргеоворите за членство и со Албанија.



Слични вести