Чавушоглу: Им честитаме на Северна Македонија и Албанија за започнување на преговорите за членство во ЕУ

„Им честитаме на пријателските и сојузнички држави Северна Македонија и Албанија за одлуката за започнување на преговорите за членство во ЕУ“ - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на Твитер

1385771
Чавушоглу: Им честитаме на Северна Македонија и Албанија за започнување на преговорите за членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, им честиташе на Република Северна Македонија и Албанија за одлуката со која и официјално со овие две земји се започнати преговорите за членство во ЕУ.

Министерот Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги „тагираше“ министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и министерот за надворешни работи и за Европа на Албанија Гент Цакај, споделувајќи ја објавата: „Им честитаме на пријателските и сојузнички држави Северна Македонија и Албанија за одлуката за започнување на преговорите за членство во ЕУ.“

Истакнувајќи дека ЕУ „иако можеби со задоцнување, сепак донела правилна одлука“, Чавушоглу во својата објава вели: „Оваа одлука ќе даде придонес за стабилноста и просперитетот на Балканот.“ (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести