Уште 29 нови случаи на коронавирус во Северна Македонија: Вкупната бројка се искачи на 177 лица

„Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти“ - се вели во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија

1384941
Уште 29 нови случаи на коронавирус во Северна Македонија: Вкупната бројка се искачи на 177 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата со овој вирус се искачи на 177.

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

„Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти", се вели во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.

Потсетуваме, од 22 март, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21 до 05 часот.

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести