Бројот на заболени од Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 148 лица

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека со дијагностицирани уште 12 нови случаи вкупниот број на заболени од Ковид-19 денеска до 12:00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти

1384336
Бројот на заболени од Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 148 лица

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата.

Според тоа, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12:00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Од новодијагностицираните пациенти, 7 се од Скопје, додека 5 од Куманово.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје 88, Дебар 40 - од кои 1 починат, Куманово 8 – од кои 1 починат, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар 1 случај. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести