Во Северна Македонија потврден вториот смртен случај од новиот тип коронавирус

Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус со што бројот на смртните случаи во Северна Македонија се зголеми на 2

1383578
Во Северна Македонија потврден вториот смртен случај од новиот тип коронавирус

Министерството за здравство на Северна Македонија го потврди вториот смртен случај од коронавирусот (Ковид-19) во земјата.

Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

„Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет“, се вели во соопштението на Министерството.

Ова е втор смртен случај од коронавирусот во земјава, по 57-годишната жена од Куманово, која почина вчера.

Потсетуваме, од вчера, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21 до 6 часот.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести