Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во Северна Македонија се искачи на 136 лица

„Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12:00 часот со регистрирани на 22 нови случаи изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти“, се наведува во соопштението на Минисерството за здравство на Северна Македонија

1383579
Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во Северна Македонија се искачи на 136 лица

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на новиот вид коронавирус (КОВИД-19) во земјата, со што вкупниот број на заразени со овој вирус изнесува 136 лица.

„Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12:00 часот изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти“, се наведува во ова соопштение.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, Дебар, Штип, Куманово, Кавадарци, Охрид и Гостивар.

Инаку, денес беше потврден и вториот смртен случај од коронавирусот во Северна Македонија.

Потсетуваме, од саботата, со одлука на Владата на Северна Македонија, на целата територија во државата воведен е полициски час од 21 до 6 часот.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување во борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести