Република Северна Македонија 30-та земја членка на НАТО

Како последно претседателот Стево Пендаровски во четвртокот го потпиша Инструментот за пристапување кон НАТО со што Северна Македонија стана 30-та земја членка на Северноатлантскиот сојуз

1382764
Република Северна Македонија 30-та земја членка на НАТО

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО, што претставува финален чекор за членството на земјата во НАТО. 

По потпишувањето на Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО, претседателот на Стево Пендаровски го истакна следното: „Со овој документ, јас како Претседател на државата, свечено изјавувам дека Република Северна Македонија пристапува кон Северноатлантскиот договор и се обврзува посветено да ги извршува и спроведува сите одредби содржани во овој Договор. Почитувани граѓани, ова е последниот политички чин со кој нашата земја влегува и формално во НАТО алијансата. Вредеше што се вложивме, затоа што на нашите идни генерации им овозможуваме поголема стабилност, безбедност и просперитет. Нека ни е со среќа.“

Потиа и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата е спремна да ја пречека својата 30-та членка. 

Инаку, заокружувањето на процедурата за прием на Република Северна Македонија се предвидуваше да биде соопштено на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата на Северноатлантскиот договор закажан за април, меѓутоа поради ширењето на коронавирусот овој состанок е откажан.



Слични вести