Бројот на случаи позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 85

„Регистрирани 9 нови случаи на коронавирусот во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12:00 часот, изнесува 85“, соопшти министерот Филипче на неговиот официјален профил на социјалните мрежи

1382527
Бројот на случаи позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 85

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, соопшти дека во земјава се регистрирани 9 нови случаи на коронавирусот, со што бројката на дијагностицирани пациенти се искачи на 85.

„Регистрирани 9 нови случаи на коронавирусот во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12:00 часот, изнесува 85“, соопшти министерот Филипче на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.

Според местото на постојано живеење, случаите на коронавирусот се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

„Состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката“, информира министерот Филипче.

Потсетуваме, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување со борбата против ширењето на коронавирусот.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан. Потенцијално смртоносниот вирус бргу се прошири во повеќето земји, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласни глобална пандемија Ковид-19. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести