Грција повторно ги нападна мигрантите кои чекаат на границата за да заминат за Европа

Стотици мигранти меѓу кои се наоѓаа и бебиња и деца беа подложени на негативното влијание на употребените гасни бомби од страна на грчките погранични сили

1381801
Грција повторно ги нападна мигрантите кои чекаат на границата за да заминат за Европа

Грција повторно ги нападна со бибер спреј, солзавец и гасни бомби мигрантите кои чекаат на границата за да влезат во оваа земја и оттаму да заминат за Европа.

Стотици мигранти меѓу кои се наоѓаа и бебиња и деца беа подложени на негативното влијание на гасот.

Мајките и татковците со крикови и плач ги зедоа своите деца во своите скутови и дојдоа во мобилните болници на турската страна на границата. 

По укажаната прва медицинска помош овде, голем број повредени мигранти беа префрлени на лекување во околните државни болници.

Грчките погранични сили продолжуваат со острата интервенција врз беспомошните и мигранти кои и покрај не отстапуваат и чекаат на турско-грчката граница.



Слични вести