Бројот на лицата позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 67

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека бројот на дијагностицирани пациенти во земјата со уште 19 новозаболени од коронавирусот (Ковид-19) се зголеми на 67 лица

1382061
Бројот на лицата позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија се зголеми на 67

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, соопшти дека се потврдени 19 новозаболени на коронавирусот (Ковид-19) и дека бројката на дијагностицирани пациенти во земјата се зголеми на 67 лица.

„Состојбата со коронавирусот во земјата - 19 новозаболени на коронавирус - бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица“, соопшти министерот Филипче во објава на социјалните мрежи.

Тој информира дека вчера попладне и во текот на ноќта преку Институтот за јавно здравје беа тестирани 71 лице.

„Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје - контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид - дојдено од Бреша, Италија, кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирусот во Италија“, информира Филипче.

Според него, најголем дел од тестирањата направени преку Институтот за јавно здравје се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

„На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот“, додаде Филипче.

Потсетуваме, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување со борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести