Во Северна Македонија бројот на заразени лица од коронавирусот се искачи на 42

„Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна."- соопшти министерството за здравство на Северна Македонија

1381150
Во Северна Македонија бројот на заразени лица од коронавирусот се искачи на 42

Министерсвото за здравство на Северна Македонија соопшти дека се потврдени седум нови случаи на лица заболени од коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на заболени од овој вирус се искачи на 42.

Според објавата на официјалниот профил на социјалните мрежи на Министерството за здравство на Северна Македонија „од 38 тестирани позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје."

„Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија", се вели во објавата на министерството.

Како што се наведува во објавата, во моментов се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден.

Потсетуваме, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во своето обраќање до јавноста вечерва прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести