Бројот на заразени од коронавирусот во Северна Македонија се зголеми на 48 лица

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека вкупната бројка на заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата се искачи на 48 лица

1381526
Бројот на заразени од коронавирусот во Северна Македонија се зголеми на 48 лица

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека во земјата се регистирани 6 нови пациенти, заболени со коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на заболени од овој вирус во земјата се искачи на 48.

„Дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус. Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми", соопшти министерот Филипче.

„Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија", информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Исто така, тој информираше и дека во моментов се тестираат 35 лица, како и дека кога ќе бидат готови резултатите јавноста ќе биде известена.

Потсетуваме, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски вчера прогласи вонредна состојба на територија на целата држава, со цел борбата против ширењето на коронавирусот. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести