Косовскиот премиер Курти го разреши министерот Велиу поради ширење паника во врска со Ковид-19

Изјавата за постојаниот пораст на заразените пациенти од Ковид-19 не е соопштение објавено од страна на Министерството за здравство или Националниот институт за јавно здравство

1380813
Косовскиот премиер Курти го разреши министерот Велиу поради ширење паника во врска со Ковид-19

Косовскиот премиер Албин Куртиу го разреши министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу поради противењето на одлуката на премиерот за прогласување вонредна состојба и ширење паника поради новиот рип на коронавирусот (Ковид-19).

Во соопштението кое беше објавено од страна на Канцеларијата на владата на Косово беше истакнато дека министерот Велиу во интервјуто за еден приватен телевизиски канал рече дека „е против одлуката на премиерот на Република Косово за прогласување вонредна состојба во земјата“ и дека „секој изминат час расте бројот на лицата кои се заразуваат од Ковид-19 со што предизвика паника“.

Во соопштението беше објавена и изјавата на премиерот Курти кој рече дека „изјавата за постојаниот пораст на заразените пациенти од Ковид-19 не е соопштение објавено од страна на Министерството за здравство или Националниот институт за јавно здравство“.

„Целата државна управа и јавна администрација вложуваат големи напори за намалување на неповолното влијание и штетата на коронавирусот“ рече премиерот Курти потенцирајќи дека „сите претставници на централната државна управа вклучувајќи ги и сите членови на кабинетот, треба да бидат поумерени како во своите одлуки така и изјавите“.



Слични вести