Столтенберг: Сите сојузници го одобрија пристапниот процес на Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пораката објавена на Твитер истакна дека шпанскиот Сенат, како последен, го одобрил пристапниот процес на Северна Македонија

1380038
Столтенберг: Сите сојузници го одобрија пристапниот процес на Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, соопшти дека сите сојузници го одобриле пристапниот процес на Северна Македонија во НАТО.

Столтенберг во пораката објавена на Твитер истакна дека шпанскиот Сенат, како последен, го одобрил пристапниот процес на Северна Македонија.

„На тој начин, сите сојузници ги отворија своите врати кон Северна Македонија, која наскоро ќе стане наша 30-та членка. Честитки Северна Македонија“, нагласи Столтенберг во пораката.

Протоколот за пристапување помеѓу НАТО и Северна Македонија беше потпишан на 6 февруари 2019 година. Потоа, протоколот за пристап требаше да биде одобрен од парламентите на сите земји-членки за да започне членството.

По завршувањето на некои официјални процеси, Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО. (Агенција Анадолија -АА)



Слични вести