Поради коронавирусот одложени парламентарните избори закажани за 12 април во Северна Македонија

Лидерите на политичките партии во Северна Македонија, поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот постигнаа согласност за одложување на предвремените парламентарни избори во земјата кои беа закажани за 12 април оваа година

1380040
Поради коронавирусот одложени парламентарните избори закажани за 12 април во Северна Македонија

Лидерите на политичките партии во Северна Македонија се согласија предвремените парламентарни избори кои беа закажани за 12 април оваа година, да бидат одложени, без да го одредат датумот на нивното одржување поради ситуацијата предизвикана од коронавирусот (Ковид-19).

Ова беше соопштено по лидерската средба иницирана од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски. Средбата се одржа во претседателската палата „Вила Водно“ во Скопје, на која присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

На состанокот присуствуваа и претседателот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Бујар Османи и Изет Меџити како претставници на Демократската унија за интеграција (ДУИ), претседателот на Алтернатива Африм Гаши, претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, претседателот Движењето БЕСА Билал Касами, како и  Орхан Ибраими и Фримзим Даути од Демократската партија на Албанците. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести