Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Северна Македонија се зголеми на 19 лица

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче на одржаната прес-конференција информираше дека вкупниот број на досега потврдени случаи на коронавирус во земјата изнесува 19, од кои една пациентка е излекувана.

1378246
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Северна Македонија се зголеми на 19 лица

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека кај шест нови пациенти е потврден коронавирусот (Ковид-19).

Со ова вкупниот број на досега потврдени случаи на коронавирус во земјата изнесува 19, од кои една пациентка е излекувана.

Министерот Филипче на прес-конференција информираше дека денеска биле тестирани 12 лица од коронавирс, од кои шестмина се позитивни. Пет лица се од Дебар, а една пациентка пристигнала од Шпанија.

„Петте новозаболени пациенти се во болницата во Дебар и таму ќе се лекуваат. Таму има кадар, епидемиолог и двајца инфектолози кои што може да ги лекува овие пациенти, рече Филипче, и додаде дека сите се со лесна клиничка слика", рече Филипче.

Министерот Филипче истакна дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Исто така, министерот Филипче информираше за дополнителните мерки кои ги усвоила Владата против коронавирусот.

„Се затвораат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија  освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои ќе бидат отворени за премини на патници и возила. Да прекине со работа аеродромот во Охрид, односно да се затвори граничниот премин на овој аеродром после 48 часа од усвојувањето на оваа мерка", истана Филипче и додаде:

„Да се забрани влез на територијатата на Република Северна Македонија на странски државјни и од земјите со среден ризик согласно листата на СЗО објавена на веб страницата на Министерство за  здравство, освен за оние лица за кои МВР ќе даде дозвола по мислење од главниот Координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес овие лица влегуваат во нашата држава согласно протоколот на Министерство за здравство."

Една од мерките исто така е да се затворат за посетители сите продавници во моловите на територијата на Северна Македонија, освен супермаркетите продавниците за храна и аптеките. Сите останати правни лица може да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин.

„Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клбови, казина и спортски облажувалници. Сите угостителски објекти кои прават храна, може да работат без потрошувачи, односно смеат алтернативно да продаваат храна и да вршат достава", информираше министерот Филипче.

Потсетуваме, Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, а претседателот на државата Стево Пендаровски, донесе одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на Министерството за внатрешни работи (МВР) во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на Општина Дебар.

Времетраењето на активноста и ангажирањето на силите и капацитетите на Армијата ќе биде од 13.3.2020 до 11.4.2020 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести