Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Косово се зголеми на 5

Министерството за здравство на Косово соопшти дека вкупниот број на утврдени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата се искачи на 5 лица

1378237
Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Косово се зголеми на 5

Вкупната бројка на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Косово се искачи на 5 лица.

Тоа преку соопштение го потврди Министерството за здравство на Косово.

Во ова соопштение се вели дека покрај претходно откриените 3 случаи, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт на јавно здравје на оваа земја биле откриени уште две случаи на Ковид-19.

Според ова соопштение, од 8 февруари до денес во оваа лабораторија биле тестирани вкупно 207 сомнителни случаи, од кои пет резултирале позитивни. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести