Привремен механизам за бегалците во Грција

Со привремениот едномесечен механизам се предвидува 5 илјади бегалци да се вратат во своите земји

1377510
Привремен механизам за бегалците во Грција

Комесарот за внатрешни работи на ЕУ Илва Јохансон рече дека за намалување на товарот на бегалците во Грција и островите во Егејското море планираат привремен механизам за 5 илјади лица.

Јохансон во Атина оствари средба со грчкиот министер за миграции и азил Нотис Митаракис.

По средбата, Јоханес и Митаракис одржаа заедничка прес конференција и направија проценка на состојбата на бегалците на островите во Егејот.

Јохансон рече дека на разговорите размениле мислења за привремен едномесечен механизам со кој 5 илјади бегалци ќе се вратат во своите земји и ги сподели информациуте воврска со остварувањето на планот кој ќе се финансира од страна на Европската комисија.

Бегалците кои во Грција заминел пред 1 јануари 2020, во случај поднесат барање за враќање во своите земји, Европската комисија ќе им даде по две илјади евра. Враќањето на бегалците ќе се оствари од страна на Агенцијата за заштита на границата „Фринтекс“ во соработка со Меѓународната организација за миграција.



Слични вести