Грција продолжува да ги задржува присилно мигрантите кои сакаат да заминат за Европа

Мигрантите меѓу кои има и жени и деца и кои пристигнаа на островот по 1 март приближно една недела како се задржувани присилно во пристаништето на островот Лезбос (турски Мидилли)

1377027
Грција продолжува да ги задржува присилно мигрантите кои сакаат да заминат за Европа

Приближно 500 мигранти кои стапнале нога на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли), приближно една недела како се принудени да чекаат во пристаништето.

Мигрантите меѓу кои има и жени и деца и кои пристигнаа на островот по 1 март приближно една недела како се задржуваат присилно во пристаништето на островот Лезбос (турски Мидилли).

450 мигранти се држат на бродот по име „Родос“ во сопственост на грчката флота со којшто ќе бидат превезени во континентална Грција, додека 50 мигранти поради тоа што немало место на бродот биле принудени да останат да чекаат до утрото во автобуси во сопственост на општината во областа на пристаништето.

Инаку, грчката Влада со цел да ја спречи мигрантската криза на 2 март соопшти дека ги суспендира за еден месец барањата за азил.

Надлежни не објавија било какво соопштение во врска со судбината на мигрантите.

Организацијата за следење на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) пак, соопшти дека грчката влада која ги суспендира барањата за азил на мигрантите со оваа своја одлука ги прекршува, ѝ меѓународното право, ѝ европското право.

Во соопштението на организацијата се вели следното: „Доколку еден од лицата за кои станува збор (мигрантите) биде испратен назад во својата земја без да му се прими барањето за азил, Грција ќе прекрши едно фундаментално човеково право како што е невраќање назад на лицата кои се наоѓаат под опасност од измачување и смрт.“



Слични вести