Грчките погранични сили за зголемување на дејството на гасните бомби почнаа да користат вентилатори

Грција на методите за спречување на мигрантите по секоја цена да ја поминат границата со секој поминат ден додава нови и како последно поради промената на правецот на ветерот почна да користи вентилатори монтирани на задниот дел на возила

1377042
Грчките погранични сили за зголемување на дејството на гасните бомби почнаа да користат вентилатори

Грчките погранични сили за зголемување на дејството на гасните бомби коишто ги фрлаат врз мигрантите почнаа да користат вентилатори на отворен простор.

Откако Турција ги отвори своите граници мигрантите 14 дена како чекаат кај Едирне на границата со Грција за да заминат за Европа.

Притоа, грчките погранични сили за спречување на нивниот премин преку границата повремено освен со бибер спреј и водени топови, интервенираат врз мигрантите и со пластични и вистински куршуми кои стануваат причина за смрт и ранувања.

Во меѓувреме, продолжуваат патролите по копно и река на турските специјални полициски сили кои се испратени на задача со цел да се спречи туркањето назад на мигрантите од страна на Грција.

Досега безброј пати беа објавени снимки од тоа како Грција наместо да ги прими барањата на миргантите за азил откако ќе пристигнат на нејзина територија спротивно на меѓународните договори таа ги тепа мигрантите, ги соблекува земајќи им ја облеката и сосила ги враќа назад во Турција.

Од друга страна пак, Европската унија (ЕУ) упати повик до Грција да се придржува кон правото на мигрантите за поднесување барање на азил.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон направи проценка на тврдењето околу тоа дека мигрантите кои сакаат да ја преминат границата се задржуваат (држат) во тајни места кадешто не се спроведува никаква правна постапка што е пак во спротивност со меѓународното право.

Велејќи дека ова прашање ќе го разгледа со надлежните за време на нејзината посета на Грцијас, Јохансон информира дека правото на засолнување и барање азил на лицата на границите на Европската унија (ЕУ) е дел од меѓународното право и дека ова право не може да се суспендира.



Слични вести