Европската унија (ЕУ) побара од Грција да ги испита тврдењата за насилство врз мигрантите

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Адалберт Јанз во дадената изјава на одржаното дневно информирање на печатот рече: „Очекуваме грчките органи да ги испитаат тврдењата за вршење насилство или незаконска интервенција (против мигрантите)“

1376540
Европската унија (ЕУ) побара од Грција да ги испита тврдењата за насилство врз мигрантите

Европската унија (ЕУ) упати повик до Грција за испитување на тврдењата за вршење насилство или незаконска интервенција врз мигрантите.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Адалберт Јанз во дадената изјава на одржаното дневно информирање на печатот рече: „Очекуваме грчките органи да ги испитаат тврдењата за вршење насилство или незаконска интервенција (против мигрантите).“

Велејќи дека грчките органи се соочуваат со една исклучителна состојба и исполнуваат една тешка задача, Јанс го подвлече следното: „Тоа треба да го прават со целосно придржување кон фундаменталните права и со пропорционално постапување.“



Слични вести