Грчките безбедносни сили продолжуваат со интервенциите врз бегалците

Во интервенцијата на грчките безбедносни сили беа повредени 3 бегалци кои беа погодени од гасните капсули

1376561
Грчките безбедносни сили продолжуваат со интервенциите врз бегалците
yunanistan siginmacilar mudahale.jpg
yunanistan siginmacilar mudahale1.jpg

Грчките безбедносни сили продолжуваат со интервенции со гасни бомби (солзавец) врз бегалците кои чекаат на границата.

Денес навршуваат 13 дена од чекањето на бегалците во тампон зоната меѓу граничните премини Пазаркуле и Кастание и пошуменото подрачје во околината.

Грчките погранични единици врз бегалците интервенираат со солзавец и гасни ракети кои ги вперуваат директно во бегалците.

Во меѓувреме бегалците, барикадите на граничниот премин Кастаниес обложени со бодликава жица, жилети и остри железни шипки се обидуваат да ги поминат со синџири.

Во интервенцијата на грчките безбедносни сили беа повредени 3 бегалци кои беа погодени од гасните капсули.

Повредените беа префрлени на лекување во полските болници кои беа формирани и поставени од страна на Дирекцијата за здравство на Едирне.

Здравствените екипи им помогнаа и на другите бегалци, меѓу кои имаше  деца а кои беа изложени на неповолното влијание на гасните бомби и солзавци.

Од друга страна, под неповолното влијание на гасовите потпаднаа и членовите на семејствата кои чекаа во пошуменото подрачје во тампон зоната.

Покрај бегалците на граничниот премин, исто така и бегалците кои успеаја да ја поминат границата, беа изложени на лошото однесување и тортурите на грчките гранични единици.

Бегалците кои беа повредени од страна на грчките гранични единици откако ја поминаа границата, беа принудени да се вратат во Турција.

Продолжува животната опасност на некои повредени бегалци чија хоспитализација продолжува во болниците во Едирне.



Слични вести