Грчката влада бегалците ги држи во тајна локација од каде што ги екстрадира во Турција

Во истражувачката вест под наслов „Тајното место на Грците за бегалците: Не држат како стока“ на весникот „Њујорк тајмс“ се посочува на тајните центри во Грција каде што бегалците се држат без да им се суди

1376093
Грчката влада бегалците ги држи во тајна локација од каде што ги екстрадира во Турција

Грчката влада бегалците ги држи во тајна локација од каде што ги екстрадира во Турција.

Според тврдењата, Грчката влада бегалците на границата кои сакаат да преминат за Европа спротивно на меѓународното право ги држи во една тајна локација каде што нема комуникација и правосудство и ги екстрадира во Турција.

Во истражувачката вест под наслов „Тајното место на Грците за бегалците: Не држат како стока“ на весникот „Њујорк тајмс“ се посочува на тајните центри во Грција каде што бегалците се држат без да им се суди.

Во веста се објавени и изјавите на бегалците кои истакнаа дека Грчките власти ги фаќаат бегалците и мигрантите, им ги запленуваат облеката и сето она што го имаат на себе, ги тепаат и без никаква правна постапка, ги екстрадираат во Турција.

Меѓудругото во веста се истакнува дека извештаите од местото на случувањата и сателитските снимки го потврдуваат постоењето на еден ваков таен центар во североисточна Грција.

Поранешниот специјален известувач за човекови права на ОН Франсоа Крепо кому му беа доставени шемите и деталите на тајниот центар подвлече дека „тиранскиот, нечовечен и недостоинствен начин на однесување“ во овој центар претставува пример на прекршувањето на правата на мигрантите за азил и правото на ЕУ.

Во веста се подвлекува дека постоењето на овој центар беше потврдено и од страна на Швајцарската истражувачка група Респонд и дека грчките безбедносни сили на опасен начин применува насилство и ги провоцира бегалците на чамците во Егејското море во кои се наоѓаат жени и деца.



Слични вести