Бројот на заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Северна Македонија се зголеми на три лица

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче рече: „Имаме два нови случаи со коронавирусот. Тоа се двајца сопружници од Дебар, на 62 и 68 годишна возраст кои во нашата земја кои стигнале од северна Италија, од Бреша на 27 минатиот месец.“

1373761
Бројот на заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Северна Македонија се зголеми на три лица

Во Северна Македонија се потврдени два нови слчаи на коронавирус (Ковид-19) со што бројот на лица кај кои е потврден овој вирус во земјата се зголеми на три, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

„Имаме два нови случаи со коронавирусот. Тоа се двајца сопружници од Дебар, на 62 и 68 годишна возраст кои во нашата земја кои стигнале од северна Италија, од Бреша на 27 минатиот месец. После влезот на границата, од автобусот патниците се симнувале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Тогаш патниците немале никакви симптоми и за прв пат со сосема лесни симптоми се јавиле на 2 март на матичен лекар, кој ги пратил на домашно лекување за да денес се јават во болница до Дебар каде е поставена индикацијата, земени се брисеви и денеска беа направени тестовите", изјави министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче.

Министерот Филипче додаде дека во соработка и интензивна комуникација со Министерството за внатрешни работи веќе се најдени имињата матичните броеви на сите патници на автобусот кој влегол во земјава на 27 февруари.

„Во овој момент се прави идентификација и од вечерва и од текот на утрешниот ден патниците по идентификувањето ќе бидат интервјуирани и согласно податоците кои ќе ги дадат согласно нивната здравствена состојба и анализа на контактите ќе бидат преземени потребните мерки за што ќе информираме утре", додаде Филипче.

Исто така, тој информираше дека пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт во здравствениот дом во Скопје на Инфективна клиника каде дежурната екипа е спремна да ги пречека.

Потсетуваме, на 26 февруари во Северна Македонија е потврден првиот случај на коронавирус (Ковид-19) во Северна Македонија, а според соопштеното се работи за пациентка родена во 1970 година од Скопје која одредено време престојувала во Италија.

Според информациите од Министерството за здравство, нејзината состојба е стабилна. ( Агенција Анадолија-АА)



Слични вести