Грчката полиција врз мигрантите на границата со Турција дневно користи по 700-1.000 бомби со солзавец, залихите се потрошени

Во вестите објавени во грчкиот печат се вели дека грчката влада стапила во акција за набавка на нови хемикалии, гасни бомби и бомби со солзавец чии залихи биле потрошени

1373302
Грчката полиција врз мигрантите на границата со Турција дневно користи по 700-1.000 бомби со солзавец, залихите се потрошени

Како што се истакнува Грчката национална полиција (ЕЛАС) поради интензивната употреба на бомбите со солзавец и други видови хемикалии за време на интервенцијата врз мигрантите кои се обидуваат да влезат во Грција и оттаму да заминат во Европа, ги потрошила речиси сите залихи од солзавец и хемикалии.

Во вестите објавени во грчкиот печат се вели дека грчката влада стапила во акција за набавка на нови хемикалии, гасни бомби и бомби со солзавец.

Во вестите се нагласува дека се зголемува потребата од гасни бомби и хемикалии, а воедно се информира дека грчката полиција за време на операциите коишто ги реализира за спречување на преминот на мигрантите на својата граница од копно и на островите секојдневно користи просечно по некаде околу 700-1.000 бомби со солзавец.

Од друга страна, пристигнуваат информации дека грчката влада за спречување на премините во Европа донела одлука за изградба на нов ѕид во должина од 15 километри на границата со Турција.

Според вестите повикувајќи се на полициски извори, се истакнува дека новиот ѕид ќе биде изграден како продолжение на претходно изградениот ѕид во областа и се вели дека изградбата ќе заврши за неколку недели.

Инаку, Грција во 2012 година во месноста Неа Виса (турски Јени Босна) во близина на градот Еврос на турско-грчката граница изгради жичана ограда во должина од 12,5 километри.

Оваа жичана ограда изградена во соработка со Европската гранична агенција (Фронтекс) беше опремена и со термални камери.



Слични вести