Остра интервенција од грчката полиција врз мигрантите кои се обидуваат да заминат за Европа

Грчките безбедносни сили често интервенираат со водени топови врз нерегуларните мигранти кои чекаат пред барикадата, а повремено фрлаат и звучни бомби и солзавец.

1369758
Остра интервенција од грчката полиција врз мигрантите кои се обидуваат да заминат за Европа
yunanistan gocmenler mudahale.jpg
yunanistan gocmenler mudahale1.jpg
yunanistan gocmenler mudahale2.jpg

Грчките безбедносни сили остро интервенираа врз нерегуларните мигранти кои чекаат на турско-грчката граница за да заминат за Европа.

Грчките безбедносни сили пред граничниот премин Кастаниес на границата со Турција поставија барикада со жилет-жица, а во позадината на поставената барикада се натрупани голем број полициски сили.

Безбедносните сили често интервенираат со водени топови врз нерегуларните мигранти кои чекаат пред барикадата, а повремено фрлаат и звучни бомби и солзавец.

За време на овие интервенции се повредени некои мигранти кои беа погодени со гасни куршуми.

Истреланите гасни куршуми од грчката страна на границата паднаа и во дворот на турската погранична станица.

Грчките безбедносни сили кои видео дека многубројна група мигранти се обидуваат да ја преминат границата и во близина на граничниот премин Пазаркуле, фрлаа солзавци врз нерегуларните мигранти и пукаа со пластични куршуми.

Но и покрај острата интервенција некои мигранти успеаја да ја преминат границата преградена со висока жичана ограда.

Грчките безбедносни сили интервенираа интензивно со солзавец врз нерегуларните мигранти кои чекаат на границата и синоќа во доцните часови.

Притоа голем број мигранти меѓу кои имаше и голем број бебиња и мали деца беа подложени на негативното влијание на употребениот солзавец. 

На мигрантите им беше пружана медицинска интервенција и помош во амбулантните возила на турската страна од границата.

Од друга страна, некои нерегуларни мигранти меѓу кои имаше и деца кои со гумеен чамец преминаа на грчкиот остров Терми Лимани, на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) се соочија со реакцијата на една екстремно десничарска група.

Лицата кои ги попречуваа мигрантите да пристигнат на копно и го туркаа нивниот гумен чамец во морето, исто така ги нападнаа и новинарите кои ја вршеа својата новинарска професија.

Притоа екстремно десничарите  нападнаа физички и двајца германски новинари, а на некои новинари им ги фрлија во морето фотографските апарати и опремата.

Откако на местото на настаните пристигна грчката полиција мигрантите беа симнати од гумениот чамец и беа однесени во мигрантскиот камп Мориа за нивно регистрирање.



Слични вести