Остра интервенција од грчките безбедносни сили врз мигрантите на турско-грчката граница

Група мигранти кои за заминување во Европа ги користеа споредните патишта, влегоа во тампон зоната на турско-грчкиот граничен премин Пазаркуле-Кастаниес по што се соочија интервенцијата на грчките безбедносни сили со бибер спреј и звучна бомба

1368809
Остра интервенција од грчките безбедносни сили врз мигрантите на турско-грчката граница

Нерегуларните мигранти кои продолжуваат да чекаат во меѓупросторот на граничниот премин Пазаркуле и Кастаниес помеѓу Турција и Грција, се соочија со интервенцијата на грчките безбедносни сили со бибер спреј и звучна бомба.

Група мигранти кои во пладневните часови за заминување во Европа ги користеа споредните патишта, влегоа во тампон зоната на турско-грчкиот граничен премин.

По ваквиот развој, грчките безбедносни сили опколија со возила и автобуси приближно 100 тина нерегуларни мигранти кои чекаа во тампон зоната. 

Притоа, на нерегуларните мигранти кои играа фудбал меѓусебе и запалија огин за да се згрејат, грчката полиција интервенираше со бибер гас и фрли звучна бомба.

Нерегуларните мигранти кои беа потресени од силниот звук на бомбата се разбегаа кон шумскиот предел. 

Некои мигранти не можеа да ги задржат своите солзи поради острата интервенција на грчките безбедносни сили.



Слични вести