Потврден првиот случај на коронавирус во Северна Македонија: Пациентката е сместена на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за здравство на Северна Македонија Филипче по откривањето на првиот случај на коронавирус рече: „Пациентката сместена на Инфективната клиника се чувствува добро, има лесна форма на клиничка слика, нема знаци дека има некакви компликации“

1367771
Потврден првиот случај на коронавирус во Северна Македонија: Пациентката е сместена на Инфективната клиника во Скопје
Kuzey Makedonya Sağlık Bakanı Venko Filipçe Koronavirüs.jpg

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, одржа заедничка прес-конференција со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге, по откривањето на првиот случај на коронавирус (Ковид-19) во земјата.

Филипче и Клуге учествуваа на вториот Национален форум на тема „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, по кој информираа за последните податоци во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19).

„Пациентката сместена на Инфективната клиника се чувствува добро, има лесна форма на клиничка слика, нема знаци дека има некакви компликации. Се лекува симптоматски и е сместена во одделот за изолација“, рече Филипче, говорејќи за пациентката за која вчера е потврдено дека има коронавирус.

Тој исто така нагласи дека контактирале со сите други патници кои патувале со пациентката.

Филипче истакна дека овие лица имале контакт само со нивните семејства и дека се поставени во домашна изолација, операција која, како што рече тој, е организирана во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Министерот за здравство рече дека нема други потврдени случаи, но според него се испитуваат два други случаи за кои рече дека ќе бидат објавени информации во текот на денот.

Регионалниот директор на СЗО за Еврпа Ханс Клуге, информира дека досега има 81.104 потврдени случаи на глобално ниво во 46 земји, од кои 20 земји се во европскиот регион.

„Важно е да нагласиме дека 97 проценти од овие случаи се во Кина. Тоа е важно да се истакне бидејќи зборуваме за пропорционални реакции. Што се однесува до Северна Македонија, можам да истакнам дека државата, Министерството за здравство, но и Владата го прават тоа што е препорачано од СЗО, и тоа што треба да се направи“, додаде Клуге.

Тој нагласи дека вчера во Скопје пристигнал од Рим каде што се одржала заедничка прес-конференција со италијански и европски надлежни лица.

Клуге рече дека сѐ уште целосно не се знае како е раширен коронавирусот во Италија, но сепак нагласи дека ситуацијата е под контрола и дека нема место за паника.

„Нема причина за аларм и паника. Тоа е нов вирус и сакам да ви гарантирам дека СЗО и лично јас како специјалист за инфективни болести сериозно се залагаме со ова прашање и имам разбирање за тоа дека луѓето се загрижени за нивното здравје и за здравјето на членовите на нивните семејства“, истакна Клуге. ( Агенција Анадолија-АА)



Слични вести