Претседателот Ердоган го прими во Истанбул претседателот на МАТТО Ајдован Адемовски

Како што соопшти МАТТО на средбата се разговарало за „зголемување на обемот на трговската размена помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија и биле изразени можностите кои им се нудат на турските инвеститори“

1364189
Претседателот Ердоган го прими во Истанбул претседателот на МАТТО Ајдован Адемовски

Претседателот на Управниот одбор на Стопанската Комора на Македонија и Турција (МАТТО) Ајдован Адемоски во Истанбул оствари средба co претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Како што соопшти МАТТО на средбата се разговарало за „зголемување на обемот на трговската размена помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија и биле изразени можностите кои им се нудат на турските инвеститори.“

„Кога се зборува за чекорите кои се потребни да се превземат за достигнување на обемот на трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција до 1 милијарда евра, со Протоколот кој го потпиша Република Северна Македонија за влез во НАТО, ќе се обезбеди стабилност и инвестициите и трговијата значително ќе се зголемат помеѓу земјите во регионот“, се вели во соопштението на МАТТО. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести