Реакција од Турците во Западна Тракија против изразот на грчкиот претседател Павлопулос „муслиманско-грчко малцинство“

Малцинските установи и организации на Турците во Западна Тракија покажаа реакција против последните изјави на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во врска со муслиманското турско малцинство за кое го употреби изразот „муслиманско-грчко малцинство“

1361348
Реакција од Турците во Западна Тракија против изразот на грчкиот претседател Павлопулос „муслиманско-грчко малцинство“

Изразот „муслиманско-грчко малцинство“ што го употреби грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во врска со муслиманското турско малцинство за време на неговата посета на Западна Тракија, е дочекан со реакција од страна на малцинските установи и организации во оваа земја.

Во објавените писмени соопштенија од страна на малцинските здруженија во Комотини (турски Ѓумулџине) и Ксанти (турски Искече), се нагласува дека грчката држава спроведува политика на негирање на националниот идентитет на турското малцинство, се укажува на тоа дека ваквиот став покажува дека во Грција не постои демократска зрелост и се подвлекува дека „сето тоа нема да ги промени историските вистини во врска со турската заедница во Западна Тракија“.

Инаку, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос чиј мандат истекува на 14 март, во говорот што го одржа за време на посетата на Западна Тракија во саботата, тврдеше дека турското малцинство во Западна Тракија е само „религиско малцинство“, додека православното грчко малцинство во Истанбул е „национално малцинство“.

Павлопулос во својот говор за грчкото малцинство во Истанбул го употреби изразот „грчко малцинство“, додека во врска со турското малцинство во Грција рече дека е „муслиманско-грчко малцинство“.

Да потсетеме дека и покрај донесените пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) со кои се осудува Грција, грчките власти не го дозволуваат делувањето и формирањето на здруженија во чие име се наоѓа зборот „Турски“.



Слични вести