Албанскиот премиер Еди Рама и се заблагодари на Турција за доставената помош по земјотресот

Албанскиот премиер Еди Рама, по одржаната меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“ организирана од страна на Европската унија (ЕУ) во Брисел и се заблагодари на Турција за доставената помош по земјотресот

1361402
Албанскиот премиер Еди Рама и се заблагодари на Турција за доставената помош по земјотресот

Албанскиот премиер Еди Рама даде изјави по одржаната меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“ организирана од страна на Европската унија (ЕУ) во Брисел, а со цел санирање на раните по земјотресот што ја погоди неговата земја на 26 ноември 2019 година.

Рама и се заблагодари на Турција за доставената помош по земјотресот.

Албанскиот премиер Еди Рама, освен на Турција им се заблагодари и на Европската унија (ЕУ), Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и на Италија, а воедно ветената помош во износ од 1,15 милијарди евра којашто беше соопштена по донаторската конференција за помош и поддршка на долгорочното опоравување на Албанија по разорниот земјотрес, ја окарактеризира како „повеќе од фасцинирачка“.

„Ова на коешто станавме сведоци овде, е неверојатно крајно задоволувачко.“ - рече Рама.

Инаку, во разорниот земјотрес што го погоди северозападниот дел на Албанија на 26 ноември минатата (2019) година, животот го загубија 51 лице, беа повредени повеќе од 3 илјади лица и беа оштетени и срушени голем број згради и куќи.



Слични вести