Собранието на Северна Македонија се самораспушти поради предвремените парламентарни избори закажани за 12 април

На седницата на Собранието на Република Северна Македонија составено од 120 вкупно пратенички места, присуствуваа 117 пратеници, од кои 108 гласаа „за“, а немаше воздражани и против

1360471
Собранието на Северна Македонија се самораспушти поради предвремените парламентарни избори закажани за 12 април

Собранието на Република Северна Македонија, на својата вчерашна седница донесе одлука за самораспуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори за кои се планира да се одржат на 12 април.

На седницата на Собранието составено од 120 вкупно пратенички места, присуствуваа 117 пратеници, од кои 108 гласаа „за“, а немаше воздражани и против.

Поранешниот премиер Зоран Заев, на 100 дена пред предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, за формирање на привремената влада со која ќе се оди на избори на 3 јануари поднесе оставка.

Потоа претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски за формирање на привремената влада го наименува Оливер Спасовски кој во претходната влада ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи. 

Истиот ден привремената влада на чело со Спасовски доби доверба од Собранието. 

Инаку, откако Комисијата на Европската унија (ЕУ) не донесе одлука за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија, тогашниот премиер Зоран Заев соопшти дека ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

Потоа, политичките партии во Северна Македонија се договорија за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година.



Слични вести