Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери го потпиша решението за распишување на предвремените избори

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, посакувајќи изборите да бидат достоинствени, рече: „Со среќа на денот на изборите, нека биде чесно и достоинствено. Нека победи гласот на народот.“

1361035
Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери го потпиша решението за распишување на предвремените избори

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, одржа прес-конференција по повод потпишувањето на решението за распишување на предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април оваа година.

Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, истакна дека го потпишал решението за распишување на предвремените парламентарни избори, врз основа на член 12, став (2) од Изборниот законик и дека е доставен до Државната изборна комисија (ДИК).

Истакнувајќи дека лидерите ја вратиле довербата кај граѓаните, Џафери рече дека институциите имаат обврска да обезбедат услови за фер, слободни и демократски избори

„Апелирам до сите учесници на овој изборен процес (политички партии, партиски активисти и членови, членови на избирачки одбори и општински изборни комисии, и најважно од сѐ, до вас, медиумите), да бидат на висина на својата задача, да придонесат изборниот ден да биде свечен ден и уште еден позитивен прилог во Извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во месец март“, нагласи Џафери.

Џафери, посакувајќи изборите да бидат достоинствени, рече: „Со среќа на денот на изборите, нека биде чесно и достоинствено. Нека победи гласот на народот.“

Според Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори на Државната изборна комисија (ДИК), предвидено е кампањата за изборите да трае 20 дена. Кампањата почнува на 23 март и завршува на 10 април на полноќ.

Собранието на Република Северна Македонија на вчерашната 137. седница ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април.

Од вкупно 120 пратеници колку што брои Собранието на Северна Македонија, на седницата присуствуваа 117 пратеници, од кои 108 гласаа „за“, а немаше воздржани, ниту против.

Потсетуваме, откако на Самитот во Брисел во октомври минатата година, поради противењето на Франција Европскиот совет не донесе одлука за одредување датум на Северна Македонија за почнување преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), претседателот на државата, Стево Пендаровски, свика лидерска средба, на која лидерите на парламентарните политички партии се договорија на 12 април оваа година да бидат одржани предвремени парламентарни избори. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести