Реакција од премиерот на ТРСК Татар против недоличните изјави на претседателот на Акинџи

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар покажа реакција против недоличните изјави коишто ги употреби претседателот Мустафа Акинџи во врска со Турција

1355980
Реакција од премиерот на ТРСК Татар против недоличните изјави на претседателот на Акинџи

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека изнесувањето на критики против Турција од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи со наведување на нешто коешто не постои, претставува крајно погрешен начин на однесување со намера за добивање на изборите.

Премиерот и воедно претседател на Партијата за национално единство (УБП) Ерсин Татар во објавеното писмено соопштение, покажа реакција против изјавите на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи во даденото интервју за британскиот весник Гвардијан "The Guardian" и истакна дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е формирана со цел кипарските Турци да живеат и да бидат возвишени со нивната сопствена волја.

"Ние сме сигурни дека нашиот народ ќе го даде потребниот одговор на овој став којшто нема никаква корист за него, со тоа што нема да го избере господинот Акинџи на изборите." - констатира Татар.

Нагласувајќи дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) секогаш треба да биде во братска и искрена соработка со татковината Турција и треба да го води кипарското прашање заедно со неа , Татар рече: "Да се постапува поразлично од тоа е во штета на нашата нација и нашиот народ."

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, напомена дека претседателот Мустафа Акинџи е далеку од оваа линија и дека наместо да обезбеди полза за безбедноста и иднината на народот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Тој му наштетува.

"Последниот пример за тоа е интервјуто кое господинот Акинџи го даде за весникот Гвардијан и кое многу им се допадна на кипарските Грци. Господинот Акинџи, за жал, ги изоставува од вид разбирањето и напорите коишто се презентираат од страна на Турција по прашањето на решавање на кипарскиот проблем." - подвлече премиерот Ерсин Татар.



Слични вести