Најава за предвремени избори во Романија

Јоханис за мандатор за формирање на новата влада повторно го именува Орбан, лидерот на Национал-либералната партија (ПНЛ)

1355236
Најава за предвремени избори во Романија

Претседателот на Романија Клаус Јоханис по средбата со лидерите на политиките партии во земјата рече дека првата опција е одржување предвремени избори.

Јоханис, по усвојувањето на интерпелацијата против владата на актуелниот премиер Лудовик Орбан и паѓањето на истата, кој настан се случи претходниот ден, вчера одржа средби со лидерите на политичките партии и за мандатор за формирање на новата влада повторно го именува Орбан, лидерот на Национал-либералната партија (ПНЛ).

Претседателот Јоханис на прес конференцијата што ја одржа во претседателскиот дворец Котроцени рече дека најправедно ќе биде да им се обратиме на гласачите.

Јоханис најави дека првата опција му се предвремените избори поради што истата има ја понуди и на политичките партии.

Претседателот Јоханис од една страна потенцирајќи дека е на страната на одржување предвремени избори во најскоро време, за мандатор за формирање на новата влада до изборите повторно го именуваше премиерот Орбан.

Привремениот претседател на Социјалдемократската партија (ПСД) Марсел Цилаку кој ја поднесе интерпелацијата против владата на Орбан за нејзино паѓање, во изјавата за печатот рече дека со повторно назначување на премиерот Орбан од страна на претседателот Јоханис за формирање на преодната влада претставува јасен показател за тоа дека и натаму продолжува проширената политичка криза.



Слични вести