Муслиманите во Словенија во првата џамија во Љубљана го клањаа првиот петочен намаз

Џамијата привлекува внимание со модерната архитектура и коцкастата основа, која беше инспирирана од Ќаба

Муслиманите во Словенија во првата џамија во Љубљана го клањаа првиот петочен намаз

Во Љубљанската џамија и Исламски културен центар, првата џамија на главниот словенски град Љубљана беше клањан првиот петочен (џума) намаз.

За првиот петочен намаз кој се клањаше во единствената џамија со минаре наречена Љубљанска џамија чија изградба заврши недоамна, муслиманите од различни градови на Словенија се собраа во Љубљана

Првиот петочен намаз во џамијата чие свечено отворање планира да се оствари во јуни беше клањан од страна на муфтијата на Словенија Неџад Грабус.

Џамијата привлекува внимание со модерната архитектура и коцкастата основа, која беше инспирирана од Ќаба. Минарето високо 40 м и надворешнот изглед на џамијата потсетува на старите конаци во Босна и Херцеговина, ги воодушеви муслиманите кои се собраа за петочниот намаз.

Во изградбата на џамијата која беше поддржана од страна на Катар, голем допринес има и Турската верска фондација (ТДВ).



Слични вести