Порака со сочувство од Никола Димитров за загинатите во лавините кај градот Ван во Турција

„Веста за загубените животи во лавините во Турција многу ме растажи. Останете силни Мевлут Чавушоглу и сите други во Турција. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите наши турски пријатели“ - напиша Димитров на својот профил на Твитер

1354490
Порака со сочувство од Никола Димитров за загинатите во лавините кај градот Ван во Турција

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, упати сочувство до семејствата на жртвите во лавините во населеното место Бахчесарај кај градот Ван, во источниот дел на Турција.

„Веста за загубените животи во лавините во Турција многу ме растажи. Останете силни Мевлут Чавушоглу и сите други во Турција. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите наши турски пријатели“ - напиша Димитров во објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

Во лавините во населеното место Бахчесарај кај градот Ван, во источниот дел на Турција, коишто се случија завчера и вчера животот го загубија 38 лица, а 53 лица се повредени. Повредените лица се пренесени на лекување во болници.

Во активностите за пребарување и спасување се вклучени голем број спасувачки екипи. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести