Помпео уште еднаш ја повтори американската поддршка на Албанија за пристапување во ЕУ

Помпео на средбата во премиерот Рама разговараше и за приоритетите на Албанија во претстојниот период на привремено претседателствување со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ)

1354513
Помпео уште еднаш ја повтори американската поддршка на Албанија за пристапување во ЕУ

Американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео уште еднаш ја повтори поддршката на САД на Албанија за пристапување во ЕУ.

Гласноговорничката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус рече дека американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама и разменија мислења во врска со билатералните односи и регионалните прашања.

Помпео на средбата рече дека САД ќе продолжат со силната поддршка на Албанија на патот за пристапување во ЕУ.

Помпео меѓудругото на средбата во премиерот Рама разговараше и за приоритетите на Албанија во претстојниот период на привремено претседателствување со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Помпео упати пофални зборови на сметка на Албанија за напорите за исполнување на обврските во врска со НАТО, а исто така потенцираше на блиската соработка со Албанија во однос на  другите регионални прашања.

Во период додека продолжува процесот на очекувањето на Албанија за пристапување во ЕУ, претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли рече дека треба да започне процесот на пристапувањето на Албанија во ЕУ.



Слични вести