Падна Владата на Лудовик Орбан во Романија

Поднесениот предлог за гласање недоверба на малцинската влада на Лудовик Орбан во Парламентот беше изгласан со 261 глас „за“ наспроти 139 гласа „против

1354112
Падна Владата на Лудовик Орбан во Романија

Со изгласаната недоверба во Парламентот на Романија којашто се одржа на барање на опозицијата падна малцинската Влада на премиерот Лудовик Орбан која беше формирана пред 3 месеци.

Поднесениот предлог за гласање недоверба на владата на Орбан во Парламентот на Романија беше изгласан со 261 глас „за“ наспроти 139 гласа „против“.

Премиерот Лудовик Орбан во дадената изјава за печатот по изгласаната недоверба на неговата малцинска влада го рече следното: „Пратениците кои денеска гласаа за паѓање на владата, ги прегазија демократијата и основните интереси на Романија.“

Владата на Лудовик Орбан ќе остане на должност до формирање на новата влада и како што се зборува доколку не се оствари тоа, во мај или во јуни би можело да се оди на предвремени парламентарни избори.

Инаку, и претходната Влада на Романија формирана на чело со Виорика Данчила на ист начин падна со поднесениот предлог за гласање недоверба во октомври 2019 година, по што пак беше формирана малцинската влада на чело со Лудовик Орбан.



Слични вести