Запалено возилото на сопственик на весник во Грција

Во нападот нема загинати или повредени

1353558
Запалено возилото на сопственик на весник во Грција

Во Грција запалено возилото на Никос Караманлис, сопственик на весникот Параскинио во подрачјето Аџиа Варвара во Атина.

Според информациите кои беа објавени во грчките медиуми, синоќа врз автомобилот на Караманлис, додека престојувал во еден ресторан, биле исфрлени молотов коктели од страна на неидентификувани лица. Автомобилот на Караманлис за кратко време се запалил.

По доаѓањето на полицијата и извршувањето на увид на лице место на настанот, беше објавено соопштение во кое беше истакнато дека во нападот нема загинати или повредени.



Слични вести