Повик за дијалог од ЕУ до Косово и Србија

Унијата ќе продолжи да соработува со граѓаните и установите на Косово

1353020
Повик за дијалог од ЕУ до Косово и Србија

Високиот претставник на ЕУ одговорен за надворешните односи и безбедносната политика Жозеп Борел упати повик до Косово и Србија за започнување на дијалогот за нормализирање на меѓусебните односи.

Борел во писменото соопштение и честиташе на новата коалициона влада на Косово која ја доби довербата на Собранието и изрази желба за унапредување на односите меѓу ЕУ и Косово, потенцирајќи дека Унијата ќе продолжи да соработува со граѓаните и установите на Косово.

„Развојот на регионалната соработка и добрососедските односи имаат големо значење. Во тие рамки, очекуваме повторно да започне процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина. Не може да продолжи постоечката ситуација. Што поскоро треба да започнат преговорите кои ќе ги нормализираат односите меѓу страните“ предупреди Борел.

Коалиционата влада на Косово, дури 4 месеци по парламентарните избори успеа да ја добие довербата на Собранието. Кабинетот на премиерот на коалиционата влада Албин Курти составен од членовите на владата од движењето Самоопределување која излезе како победничка партија и петтата партија Демократска лига на Косово (ЛДК), со гласовите на 66 пратеници „За“ успеа ја доби довербата на Собранието по минатогодишните парламентарни избори кои се одржаа на 6 октомври.



Слични вести