Коалиционата Влада на Косово на премиерот Албин Курти доби доверба од Собранието

Кабинетот на премиерот Албин Курти на чело на коалиционата влада составена од Движењето Самоопределување и Демократската лига на Косово (ЛДК), со 66 гласа „за“ успеа да добие доверба од Собранието

1352559
Коалиционата Влада на Косово на премиерот Албин Курти доби доверба од Собранието

Коалиционата влада на Косово, по приближно изминати 4 месеци од одржувањето на изборите доби доверба од Собранието.

Кабинетот на премиерот Албин Курти на чело на коалиционата влада составена од Движењето Самоопределување која извојува победа на одржаните предвремени парламентарни избори на 6 октомври 2019 година и второпласираната Демократската лига на Косово (ЛДК), со 66 гласа „за“ успеа да добие доверба од Собранието.

Напорите за формирање коалициона влада помеѓу Движењето Самоопределување и Демократската лига на Косово (ЛДК) коишто траеја приближно 4 месеци, во неделата резултираа со постигнување договор.

Откако поранешниот премиер Рамуш Харадинај од страна на Специјалниот суд за Косово во холандскиот град Хаг беше поканет да даде изјава како "осомничен", во јули 2019 година поднесе оставка од премиерската функција.

По оставката на Рамуш Харадинај кој беше поранешен командант на Ослободителната војска на Косово (УЧК) и на кого ѝ претходно му беше судено во Судот за воени злосторства и два пати беше ослободен поради немање доволни докази, Собранието на Косово беше распуштено и беше донесена одлука за одржување на предвремени парламентарни избори.



Слични вести